Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Барак Обама дозволи емоциите да го надвладеат додека зборуваше за Мишел и ќерките

ВИДЕО: Барак Обама дозволи емоциите да го надвладеат додека зборуваше за Мишел и ќерките

Остануваат уште неколку дена од претседателскиот мандат на Барак Обама. 55-годишниот претседател на САД го одржа својот говор за збогување на националната конвенција на Демократската партија.

Во прошталниот говор, Барак му оддаде почит на своето семејство и дозволи емоциите да го надвладеат додека зборуваше за својата сакана сопруга Мишел и за двете ќерки.

Барак Обама

„Во изминативе 25 години, ти беше не само моја сопруга и мајка на моите деца, туку и мој најдобар пријател. Прифати улога која не ја ни побара и ја направи своја со грациозност, смелост, стил и добра смисла за хумор.“

„Ја направи Белата куќа место кое му припаѓа на секого. Новата генерација поставува повисоки стандарди, бидејќи ти ѝ служиш како пример. Ме направи горд. Ја направи државата горда“ – вели Обама во видеото, обраќајќи ѝ се на Мишел.

Барак и нивната ќерка Малија ги бришат солзите додека целата публика ѝ аплаудира на Мишел.

Барак Обама Барак Обама

„Малија и Саша, под најчудните околности, вие станавте две прекрасни млади жени, паметни и убави, а што е најважно, љубезни и внимателни и полни со страст. Вие толку лесно го носевте товарот на годините поминати во центарот на вниманието. Од сè што направив во мојот живот, најгорд сум што сум ваш татко“ – додава Обама во својот говор.

Барак Обама Барак Обама Барак Обама

Саша не присуствуваше на настанот, бидејќи се подготвувала за полагање на тест.

Барак Обама Барак Обама

ВИДЕО:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19683 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.