Синот на Шакира и Пике најверојатно ќе стане фудбалска ѕвезда, но засега може да биде само најмладиот навивач на Барса.
Каков татко, таков син! Жерар Пике објави фотографија на која малиот Милан спие во рацете на Шакира, облечен во дресот на неговиот фудбалски клуб Барселона. Фотографијата била направена на празните спортски трибини по вчерашниот натпревар во кој Барселона го победи Милан со 4 гола предност.

Бебешкиот дрес не е изненадување со оглед на тоа што уште по раѓањето Милан беше примен во тимот на Барса. „Исто како и татко му, бебето Милан со раѓањето стана член на ФК Барселона“ – пишуваше во соопштението на Шакира по породувањето.
Малиот Милан се роди пред седум недели, а првиот фудбалски натпревар го проследи од трибините две недели по раѓањето.
