Шакира и Пике патуваат со своите две деца. 39-годишната пејачка и 29-годишниот фудбалер беа фотографирани со малите Саша и Милан на аеродром во Мајами.
На фотографиите, Шакира го вози во количка тригодишниот Милан, додека познатиот спортист ја турка количката со заспаното едногодишно синче.
Секако, славниот пар застана да ги поздрави своите фанови и да им подели автограми.
Жерар Пике изминатите недели беше посветен на Европското првенство во фудбал, играјќи во тимот на Шпанија. За жал, шпанската екипа не успеа да се пласира понатаму и да продолжи да се бори за посакуваната титула.
Заљубениот пар заедно со децата беше „уловен“ додека се забавуваше во парк.