Шакира го претстави синчето Милан пред светот. Енергичната Колумбијка сподели фотографија на која Жерар Пике нежно го бакнува малиот Милан.
Фотографијата е објавена на сајтот на хуманитарната акција на Шакира и Пике во соработка со УНИЦЕФ, чија цел е собирање средства за деца од сиромашните земји низ светот.

Милан се роди пред само две недели, на 22 јануари. Тогаш 36-годишната пејачка и 26-годишниот фудбалер објаснија дека името Милан во словенските јазици значи драг, сакан и милостив, во латинскиот јазик значи нетрпелив и трудољубив, а во санскритскиот – обединување.