Шакира и Пике во живо го проследија натпреварот меѓу Њујорк и Филаделфија, со кој започна божиќната програма во НБА лигата.
Шармантниот пар ги поведе и синчињата Милан и Саша кои беа облечени во исти комбинации.
Неодоливото семејство беше мамка за фотографите, кои покрај кон кошаркарите, ги насочуваа фотообјективите и кон славните ѕвезди.