Жерар Пике покажа дека е посветен татко додека се забавуваше со синчињата на концертите на Шакира во Барселона.
31-годишниот фудбалер ги поведе 5-годишнот Милан, 3-годишниот Саша и баба си Лина на двата концерти кои неговата сакана ги одржа во неговиот роден град. За време на концертот, Пике танцуваше додека ги држеше синчињата во рацете.
Видеа
Шакира направи кратка пауза за да ѝ се заблагодари на публиката и на неговата родина што ѝ ги подари тројцата најважни мажи во нејзиниот живот.
„Ви благодарам за оваа магична ноќ и ѝ се заблагодарувам на оваа земја што ми ги подари овие две дечиња и тебе“ – рече 41-годишната пејачка обраќајќи му се на Пике.
Шакира сподели и видео со бабата на Пике, Лина.
Таа пред неколку часа сподели видео од прославата за крајот на европскиот дел од нејзината турнеја. Во него, Пике нежно ја прегрнува и ја бакнува славната музичарка.