За премиерата на својот нов филм „The Prophet“ во Бејрут, Селма Хајек му го довери својот изглед на најпопуларниот либански дизајнер – Ели Сааб.
48-годишната актерка блескаше во раскошен фустан од колекцијата висока мода пролет/лето 2015 на Сааб.






„The Prophet“ е анимиран филм напишан и режиран од режисерот на „The Lion King“, Роџер Алерс.
Хајек посети неколку локации во Либан, со цел да се запознае со татковината на својот покоен дедо кој ја обожавал книгата што го инспирирала новиот филм.
Холивудската ѕвезда посети и камп за сириски бегалци.


