Салма Хајек го живее животот со полни гради. Холивудската убавица ги поминува летните денови во Грција каде и го прослави својот 54. роденден.
Фотографиите кои таа ги споделува на Instagram наидуваат на огромен број комплименти од нејзините фанови кои се категорични дека таа изгледа подобро отсекогаш.
„Погодете кој ќе наполни 54 утре?“ – пишува таа и потенцира дека фотографиите кои ги споделува не се стари.
Во порака со која им се заблагодари на обожавателите за честитките, таа вели: „Благодарна сум и горда за секоја од моите 54 години.“
Хајек престојува во Грција заедно со сопругот Франсоа Пино.