Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Селин Дион сними семејна фотосесија и се отвори за битката на сопругот со рак

ФОТО: Селин Дион сними семејна фотосесија и се отвори за битката на сопругот со рак

Селин Дион се подготвува повторно да се врати на сцената во Лас Вегас, по неколкумесечна пауза. Музичката ѕвезда минатата година ги откажа сите ангажмани за да може да се грижи за својот сопруг Рене, кој води долга битка со рак на грлото.

Како последица на лекувањето, Рене има проблеми со слухот, не може да зборува и се храни преку цевка. Во неодамнешно интервју за ABC News, Дион низ солзи ја опиша состојбата на својот 73-годишен сопруг. „Тој не може да ја користи устата. Не може да јаде, па јас го хранам. Тој се храни преку цевка. Морам да го хранам трипати дневно. Го правам тоа сама, го хранам него, па им давам јадење на децата“ – изјави 47-годишната пејачка.

Селин Дион

Селин и Рене се во брак 20 години и имаат три деца – 14-годишниот Рене-Чарлс и 4-годишните близнаци Еди и Нелсон.

Идејата Дион да продолжи со настапите во Лас Вегас била на Рене, кој беше нејзин менаџер уште од самиот почеток на нејзината кариера. „Тој сака повторно да пеам, а јас сакам да го направам ова за него. Рене ќе биде во публиката. Ветувам дека ќе има високи, среќни ноти, но тоа ќе биде многу емотивно за мене“ – рекла Селин.

Селин Дион Селин Дион

Во интервју за People, Селин признала дека се плаши од најлошото. „Се плашам да не го изгубам, бидејќи состојбата е лоша. Но, морам да си покажам себеси и да им покажам на мојот сопруг и моите деца дека сум силна и дека сме добро“ – изјавила таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18959 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.