Селин Дион се расплака на сцената на хуманитарниот настан за борба против ракот „Stand Up 2 Cancer“.
48-годишната пејачка не можеше да си ги задржи солзите откако ја допеа песната „Recovering“, напишана од Пинк. Дион им ја посвети баладата на својот сопруг, брат и татко, кои починаа поради рак.
„Слушнав прекрасни и трогателни приказни кои ќе одекнуваат во мене уште долго време. Имаме различни причини за да се бориме против ракот и ако застанеме обединети, со сигурност ќе ја добиеме оваа битка“ – напиша Селин на Instagram.