По повод 20-годишнината од „Титаник“, Селин Дион повторно го изведе својот најпознат хит „My Heart Will Go On“ на сцената на Billboard Music Awards.
49-годишната пејачка ја врати публиката во 90-тите и ги потсети на романсата на Џек (Леонардо Дикаприо) и Роуз (Кејт Винслет), исполнувајќи ја емотивната песна. Додека Дион пееше, во позадина течеa сцени од легендарниот филм.
Видео
Славната музичка ѕвезда привлекуваше погледи облечена во бела „ангелска“ креација од високата мода на Stéphane Rolland.