Сара Џесика Паркер и нејзиниот сопруг Метју Бродерик беа домаќини на настан по повод 150 години од раѓањето на Вилијам Батлер Јејтс.
50-годишната актерка освојуваше со ноншалантна елеганција во долга креација од колекцијата есен/зима 2015 на Ели Сааб. Фустанот со драматичен принт Сара Џесика го надополни со блескави ниски сандали.








На галата која се одржа во Њујорк, присутните преку песна и поезија му оддадоа чест на големиот поет кој ја понесе Нобеловата награда за литература во 1923 година.