Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик со гордост прославија за премиерата на нивната претстава „Plaza Suite“ на Бродвеј.
57-годишната актерка и 60-годишниот актер заедно позираа на црвениот тепих на отворањето, а на настанот ја добија поддршката од нивните три деца.
19-годишниот Џејмс ги прегрнуваше 12-годишните близначки Табита и Марион додека беа фотографирани од бројните фоторепортери. Децата на славниот пар ретко се појавуваат на јавни настани.
Ѕвездата од „Sex and the City“ шармираше во нежна креација од дизајнерот Прабал Гурунг.
Погледнете фотографии од претставата „Plaza Suite“ со славните актери: