Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик продаваат еден од своите имоти во Њујорк. Актерскиот пар за првпат ја објави за продажба куќата во Гринвич Вилиџ пред две години, но сега ја има намалено цената за 3 милиони долари.
Новиот сопственик на модерниот дом ќе треба да се раздели со 22 милиони долари за да може да ужива во пет спални соби, огромна дневна соба и трпезарија, како и седум камини.
Славните актери ја реновираа куќата веднаш по купувањето во 2011 година, но никогаш не живееја во неа.