Сара Џесика Паркер е на насловната страница на специјалното издание на списанието „Elle“, насловено „Жените во Холивуд“.
Изданието е посветено на девет жени кои оставиле свој отпечаток во филмската индустрија. Освен Сара Џесика Паркер, во изданието добиле свое место и Ема Вотсон, Октавија Спенсер и Ел Фенинг.
Сара Џесика Паркер позира во фустан со отсечоци од модната куќа Келвин Клајн. Популарната актерка откри дека никогаш повеќе не би прифатила улога слична на Кери Бредшо. „Не ми се допаѓа идејата да глумам друга жена со несовршености, која обожава мода и живее во Њујорк. Ја сакав Кери и не сакам да правам полоша нејзина верзија“ – изјавила таа.
Ема Вотсон: „Од моментот кога ја прочитав „Harry Potter and the Sorcerer's Stone“, знаев дека ми било судено да бидам во таа улога. Гледав еден од филмовите пред некој ден. Ми изгледа неверојатно дека сум го направила сето тоа. Морам да се потсетувам одвреме-навреме.“
Октавија Спенсер: „На почетокот на кариерата, морав да му се спротивставам на еден продуцент – нема да кажам кој, но тој е славен, славен. Пред стотина души му реков: Не ме познаваш доволно за да можеш да ми се обраќаш со таков тон... Потоа истрчав во тоалетот и плачев како бебе. Но, тој никогаш повторно не ми се обрати така. А е познато дека сака да вреска.“Ел Фенинг: „Не можам да се сетам каков бил мојот живот без филмови. Растењето во Холивуд не е толку различно. Правам филмови на ист начин како што другите деца играат тенис или одат на часови по пијано. Се обидувам да бидам сè подобра во она што го правам, исто како што другите деца се обидуваат да бидат подобри во тоа што го прават.“