Сандра Булок со шик изглед пленеше на премиерата на „Minions“ во Лос Анџелес. На жолтиот тепих, 50-годишната ѕвезда се појави во елегантна креација од српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ.



Највпечатлив елемент во стилската комбинација на Булок беа чевлите од Руперт Сандерсон, инспирирани од главните ликови во „Minions“, жолтите лојални суштества кои се прославија со филмот „Despicable Me“.




Во интервју за BBC, Булок сподели дека нејзиниот син бил причината што прифатила да го позајми својот глас за новиот анимиран филм. „Мојот син. Сакав да снимам филм што тој ќе може да го гледа, а во кој ќе бидам јас“ – рекла таа.




