Сандра Булок и Џорџ Клуни ја покажаа привлечноста на едноставната елеганција на премиерата на својот филм „Gravity“ во Њујорк.
На црниот тепих 49-годишната актерка се појави во бел фустан од Џамбатиста Вали и црно-бели обувки од Џузепе Ѕаноти. До неа 52-годишниот Клуни шармираше во класичен машки костум.
Меѓу присутните на премиерата беше и Ема Вотсон која исто така не остана имуна на холивудскиот тренд „мал бел фустан“.
Гости на свечениот настан беа и актерката Кејти Холмс и манекенката Линдзи Елингсон.
Погледнете го трејлерот за „Gravity“: