Сандра Булок блескаше во црвено на отворањето на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција. 48-годишната актерка се појави на црвениот килим заедно со Џорџ Клуни, по повод премиерата на нивниот заеднички филм „Gravity“.
За свечениот настан, убавата актерка имаше избрано црвена тоалета од Џеј Мендел, која ја носеше во комбинација со црни обувки од Роже Вивие. Клуни како вистински џентлмен беше облечен во смокинг.
Пред премиерата, двајцата актери присуствуваа на настан организиран за новинарите. За таа прилика, Булок избра „колор-блок“ фустан од Алекс Пери и сандали од Џузепе Ѕаноти.
Погледнете го трејлерот за „Gravity“: