Ријана имаше ретко појавување во јавност со својата природна коса откако минатата недела го најави лансирањето на нејзината линија Fenty Hair.
36-годишната музичарка и бизнисменка без перика и надградба прошета во Њујорк, а папараците го овековечија нејзиното излегување со фотографии. Таа носеше модна комбинација со разголено деколте, бунда и чанта од Louis Vuitton.
Ријана е позната по интересните фризури и смелоста да експериментира со изгледот.
Нејзината линија е инклузивна и наменета за сите типови коса.
„Знаете колку ми значи менувањето на фризура. Сум ја имала речиси секоја текстура, боја, должина – од кадрици до плетенки до природен изглед. Лансирам флексибилна линија продукти кои не само што ќе бидат наменети за секоја коса, туку секој производ е дизајниран за да ги зајакне и обнови сите типови на коса, што ни е на сите потребно“ – стои во изјавата на Ријана.