Блејк Лајвли го продолжи модниот маратон во Кан. Привлечната актерка и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс изгледаа зашеметувачки елегантно на премиерата на филмот „The Captive“.

Брачниот пар одушеви со стилот и потсети на гламурот на стариот Холивуд, избирајќи креации од италијанската модна куќа Гучи. Координираниот црно-бел стајлинг поттикна многумина да ги наречат „златниот пар“ на Канскиот филмски фестивал.






37-годишниот актер ја има главната улога во нискобуџетниот филм „The Captive“.









Блејк и Рајан се во брак од септември 2012 година и даваат сѐ од себе да го зачуваат својот приватен живот зад завеса.