Блејк Лајвли активно го промовира својот најнов филмски проект „A Simple Favor“. На премиерата на филмот во Њујорк, 31-годишната актерка ја доби поддршката од својот сопруг Рајан Рејнолдс.
На црниот тепих, убавата филмска ѕвезда шармираше во впечатлив црн костум од Живанши. Во својот стајлинг, таа додаде обувки од својот омилен дизајнер Кристијан Лобутин.
Блејк позираше и со малото момче кое во филмот ја има улогата на нејзин син и со останатите колеги.
Викендов Лајвли беше гостинка на ревијата на Ралф Лорен, каде исто така се појави во елегантен костум.