Ева Лонгорија потврди дека е во врска со Ернесто Аргуељо. 34-годишниот претприемач и филантроп е еден од ергените кои учествуваа во шоуто за поврзување на парови „Ready For Love“, на кое еден од продуцентите беше и Ева Лонгорија.

Иако пред околу три месеци започнаа гласини дека 38-годишната актерка е во врска со Ернесто, таа убедува дека тогаш биле само пријатели. „Токму затоа сметам дека нашата врска е толку специјална – ние навистина започнавме како пријатели. Претпоставувам дека треба да им се заблагодариме на медиумите за тоа што нè притиснаа да видиме нешто што не сме го гледале“ – изјавила „очајната домаќинка“ за People.

Ернесто моментално се фокусира на организацијата основана од него, чија цел е помагање во креирањето на функционални и безбедни домови за луѓето во земјите од третиот свет, како неговата татковина Никарагва.
