Ники Хилтон и Џејмс Ротшилд стапија во брак во градината на Кенсингтонската палата во Лондон. Наследничката на империјата Хилтон и богатиот наследник на империјата Ротшилд не штедеа за нивниот специјален ден.
Свадбата на двете модерни династии привлече огромно медиумско внимание.
Невестата носеше раскошна венчаница од ателјето на Валентино, дизајнирана од Марија Грација Киури и Пјер Паоло Пичоли и обувки од Кристијан Лобутин. Наводно фустанот чини околу 77.000 долари.
Ники беше фотографирана додека го напушташе хотелот „Claridge's“.
Парис Хилтон и нејзината мајка Кети носеа светли сини фустани.
Хилтон и Ротшилд ја започнаа врската во 2011 година, а во август минатата година прославија за својата свршувачка.