Натали Портман и Бенџамин Мијипје си го кажаа судбоносното „Да“ за време на интимна церемонија, одржана во Биг Сур, Калифорнија.
Првите фотографии ја покажуваат среќата на лицата на младоженците, а исто така и невестинскиот фустан на убавата актерка. Не се познати многу детали за венчаницата, но се знае дека доаѓа од модната куќа Rodarte.
Церемонијата била одржана на отворено, по заоѓањето на сонцето и според еврејската традиција. Околу 60 пријатели и роднини биле сведоци на важниот настан.
Натали и Бенџамин се запознаа на снимањето на филмскиот хит „Black Swan“ и веднаш започнаа врска. Заедно имаат 14-месечен син.