Френк Лампард и Кристин Бликли официјално се сопруг и сопруга. Популарниот фудбалер и британската водителка се венчаа денес во Лондон.
36-годишната невеста блескаше во елегантна венчаница од дизајнерката Сузан Невил.
Среќните младенци беа фотографирани додека се бакнуваа пред црквата Сент Пол во Најтсбриџ.
























Френк и Кристин се верија во 2011 година. Ова е втор брак за него. Претходно тој беше женет со Шпанката Елен Ривас, со која има две ќерки.