Дони Волберг и Џени Мекарти пред десет дена стапија во брак. Свадбената церемонија на познатиот пејач од New Kids on the Block и телевизиската водителка и поранешна зајачица се одржала во близина на Чикаго.
Фотографиите од свеченоста беа објавени од списанието „Us Weekly“ и се доказ дека значајниот ден бил исполнет со романтика и радост.





Илјадници црвени рози ја краселе салата во која се забавувале 90-те гости. Вештачки и природни рози биле искористени и за декорирање на свадбената торта.




Невестата носела венчаница од Di Santo, а до олтарот била испратена од својот син Еван.





И за двајцата ова е втор брак, но се категорични дека ќе им биде и последен.