Натали Портман е убавицата од насловната страница на новото издание на „Marie Claire“ UK. Славната актерка позираше за септемвриското издание на списанието.
Фотографиите од едиторијалот со 34-годишната Оскаровка се дело на познатата германска фотографка Елен фон Унверт.



Во интервјуто за списанието, Портман зборувала за големата разлика во заработката помеѓу мажите и жените во Холивуд. „Постои огромна разлика помеѓу жените и мажите во Холивуд. Титаник беше голем хит и Леонардо Дикаприо веднаш достигна до 20 милиони долари од филм, но не и Кејт Винслет. Но, изгледа дека тоа се менува сега“ – изјавила таа.


