Натали Портман присуствуваше на премиерата на својот најнов филм „A Tale of Love and Darkness“ на Интернационалниот филмски фестивал во Торонто. Покрај тоа што ја има главната улога, Портман е и режисер и сценарист на израелскиот филм.
34-годишната актерка шармираше во елегантен бежов фустан од Lanvin. Нежната креација таа ја искомбинира со обувки Bally и накит од луксузниот бренд Tiffany & Co.






Портман присуствуваше и на хуманитарен настан во рамките на фестивалот.
На свеченоста таа се појави во цветен фустан од есенската колекција висока мода на Кристијан Диор. Портман веќе пет години е заштитно лице на Диор, па не е чудно што и обувките и чантичката кои ги носи популарната Израелка, исто така, доаѓаат од француската модна куќа.

