Невозможно е да се негира дека Кристи Бринкли изгледа фантастично. Младоликиот изглед би го прелажал секој што би се обидел да ја погоди нејзината возраст.
61-годишниот модел блескаше на улиците на Њујорк, непосредно по своето гостување во шоуто на Мередит Виејра на NBC.

Облечена во бел фустан и елегантен мантил, Бринкли со задоволство позираше пред фоторепортерите.




Популарната убавица неодамна сподели дека веганската исхрана ѝ помага да го одржува своето тело. Кога таа имала 13 години станала вегетаријанка, а подоцна ги исфрлила од својата исхрана сите производи од животинско потекло. „Си реков: Јас сакам животни. Не сакам да бидам дел од тој систем“ – изјавила таа. Сепак, таа признава дека во ретки случаи консумирала риба и морски плодови.
Кристи зад себе има 4 брака, од кои еден со Били Џоел и е мајка на 3 деца. Нејзината убавина ја постави меѓу најбараните модели и таа се има појавено на над 500 корици на списанија.
