Кристи Бринкли непрекинато добива на своја адреса комплименти за младоликиот изглед. Нејзиното појавување на забава во Њујорк повторно ги активира нејзините обожаватели кои имаат само позитивни зборови.
64-годишниот поранешен супермодел со широка насмевка позираше пред фоторепортерите во комбинација со тесно мини здолниште со леопардски принт.
На настанот „Click My Closet“ присуствуваше и Ешли Грин и ангелот на Victoria's Secret Џасмин Тукс.