Кристи Бринкли го прослави својот 64. роденден со забава на која присуствуваа нејзините три деца и најблиските пријатели.
И покрај тоа што чекори во седмата деценија од животот, атрактивниот поранешен модел продолжува да покажува дека годините се само бројка и со привлечниот изглед и ведар дух освојува каде и да се појави.
За роденденската прослава, Бринкли блескаше во комбинезон од Стела Мекартни.
Гордата мајка позираше со синот Џек и ќерките Сејлор и Алекса Реј. „Фонтаната на младоста. Тие ме прават млада во срцето“ – напиша Кристи во описот на фотографијата со децата.
Кристи редовно мами воздишки со својот одржан изглед.
Минатата година Кристи со ќерките сними фотосесија за „Sports Illustrated“.