Мексиканката победи на престижниот избор „Мис Универзум“, кој годинава се одржа во Флорида.
Андреа Меза ги победи убавиците од останатите 73 држави и со себе ја понесе блескавата круна.
Победничката од 2019 година, Зозибини Тунзи, ѝ ја предаде круната на Андреа. Поради коронавирусот, во 2020 година не се одржа изборот за убавина.
„Како што напредуваме како општество, така напредуваме и со стереотипите. Денес, убавината не е само во начинот на кој изгледаме. За мене, убавината зрачи не само во нашиот дух, туку и во нашите срца и начинот на кој се однесуваме. Никогаш не дозволувај некој да ти каже дека не си вреден“ – изјави 26-годишната мексиканска убавица, која има дипломирано софтверско инженерство.
Мис Бразил беше избрана за прва придружничка, додека втора придружничка стана Мис Перу.
Мис Бразил
Мис Перу
Во првите пет финалистки влегоа и Мис Индија и Мис Доминиканска Република.