Анхела Понсе стана Мис Шпанија и со тоа влезе во историјата како првиот трансексуален модел кој ќе се натпреварува на изборот за Мис Универзум.
26-годишната Анхела ги победи останатите 22 кандидатки и беше крунисана на свеченост која се одржа пред неколку дена во Тарагона.
Анхела е родена како момче и потекнува од Севиља. Таа вели дека уште од 11-годишна возраст знаела дека сака да живее како женско, а дури во 2014 година си направи операција за промена на полот.
„Мојата цел е да пренесам порака за инклузија, почит и различност, не само за ЛГБТ заедницата, туку и за целиот свет“ – вели Анхела.
ВИДЕО
Шпанија долги години имаше забрана за трансродови лица да се натпреваруваат на изборите за убавина, но ја укина пред шест години.
Анхела и пред три години учествуваше на изборот за Мис Шпанија, но не успеа да ја освои посакуваната титула.