Љубовната приказна на Ариадна Гутиерез и Џанлука Ваки деновиве стана хит на социјалните мрежи.
23-годишната мисица и 50-годишниот италијански милионер покрај добриот фит изглед, привлекуваат внимание и поради разликата во годините.
Убавата Колумбијка се прослави со учеството на „Мис Универзум“ во 2015 година, каде погрешно беше крунисана за победничка и ѝ беше одземена титулата.
Бизнисменот од Болоња е познат и по авантуристичкиот и енергичен начин на живот, а го освои интернетот со своите танцувачки вештини. Згодниот милионер на Instagram го следат речиси 11 милиони корисници.
Тој има 15-годишна ќерка со поранешната сопруга од која се раздели во јули оваа година.
Ариадна и Џанлука за првпат беа фотографирани заедно на плажа во јуни, но тие официјално ја објавија својата врска на крајот од месец јули, по разделбата на Ваки со бившата сопруга.