Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Била родена како маж, сега стана Мис Холандија и ќе се бори за круната на Мис Универзум

Била родена како маж, сега стана Мис Холандија и ќе се бори за круната на Мис Универзум

Рики Валери Кол е новата Мис Холандија. 22-годишната трансродова девојка ја освои посакуваната титула и ќе се натпреварува за круната на Мис Универзум во декември оваа година.

На изборот за убавина, Рики, која била родена како машко, носеше црвен фустан и беше преплавена од емоции во моментот кога беше прогласена за победничка.

Рики Валери Кол Рики Валери Кол

Кол позираше и со минатогодишната победничка на Мис Универзум - Арбони Габриел.

Рики Валери Кол Рики Валери Кол

Ова нема да биде првпат трансродова личност да учествува на Мис Универзум. Во 2018 година, Ангела Понс од Шпанија беше првата транродова натпреварувачка на големиот избор.

Рики Валери Кол

Рики си направи операција за промена на полот на почетокот на годината. Таа сподели фотографија и напиша:

„Денот кога станав личноста која што сакав да бидам. Повеќето од моите следбеници знаат дека сметам дека бев родена во погрешно тело. Бев родена како малиот Рик. Преминот од машко во женско е нешто кое чувствував дека е правилно. Ова патување започна во мојата 8-ма година. Поминав низ многу тешки периоди, особено кога реков дека сум женско и го променив името во Рики на околу 11-годишна возраст. Од малтретирање, остри погледи, до трчање дома со плачење... не беше лесно и често си велев: ‘Зошто мене?’“ – напиша Рики.

Кол вели дека е пресреќна што направи операција и дека сега може комплетно да биде тоа што навистина е.

Рики Валери Кол Рики Валери Кол Рики Валери Кол Рики Валери Кол Рики Валери Кол Рики Валери Кол Рики Валери Кол

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.