Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Мила Кунис во стилот на 60-тите години за „W“

ФОТО: Мила Кунис во стилот на 60-тите години за „W“

Лицето на Мила Кунис доминира на корицата на августовското издание на списанието „W“. Холивудската ѕвезда која е бремена со првото дете беше фотографирана од Мајкл Томпсон.

Мила Кунис

Стилот од 60-тите години го диктираше концептот на фотосесијата за која Мила облече креации од модни куќи како Гучи, Ердем, Луј Витон и Александар МекКвин.

Мила Кунис Мила Кунис

Во интервјуто за списанието, 30-годишната актерка зборувала за свршеникот Ештон Кучер и нивното минато. Парот се запозна на снимањето на серијата „That ’70s Show“ и долги години се движеше во зоната на пријателството.

„Мојот прв вистински бакнеж беше со него, во тоа шоу... Поминав низ пубертетот на телевизија. Пораснав 13cm додека бев во шоуто и имав многу различни форми на веѓите! Поминав низ сите засрамувачки нешта со кои една девојка може да се соочи пред очите на мојот свршеник. Нема сомнеж дека тој го има видено најлошото од мене. Тоа ме успокојува“ – изјавила Кунис.

Мила Кунис

Отсекогаш Мила била против бракот, но сега нејзиниот став е променет. „Никогаш не сакав да се мажам. Уште од 12-годишна возраст ги подготвував моите родители дека нема да дочекаат брак. Но, работите се менуваат – ја пронајдов љубовта на својот живот. Сега мојата теорија за свадба е: Не кани никого. Венчај се приватно и тајно. Моите родители немаат проблем со тоа. Превозбудени се што кажав да“ – објаснила таа.

Мила Кунис

Пред неколку недели Мила и Ештон беа фотографирани на бејзбол натпревар. И на двајцата ова ќе им биде прво дете.

Мила Кунис и Ештон Кучер Мила Кунис и Ештон Кучер Мила Кунис и Ештон Кучер Мила Кунис и Ештон Кучер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18973 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.