Метју Меконахи беше почестен со 2534-тата ѕвезда на холивудската Патека на славните.
45-годишниот актер, кој ја освои овогодишната оскаровска статуетка Најдобар актер за улогата во „Dallas Buyers Club“, ја доби поддршката од сопругата Камила Алвес и трите деца – Леви, Вида и Ливингстон. Среќното семејство шармираше во креации од Долче и Габана.
„Ова е специјален ден за мене, ова е одличен момент во мојата кариера и во мојот живот. Сметам дека е привилегија што се будам во понеделник наутро и што со нетрпение чекам да одам на работа. Горд сум што можам тоа да го кажам. Оваа индустрија ми даде многу, ми даде шанса да си остварам соништа кои не знаев дека ги имам“ – изјавил талентираниот актер.
На церемонијата присуствуваа и Ен Хетавеј, Џесика Частеин и Мекензи Фој.