Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Метју Меконахи стана татко по втор пат

Метју Меконахи стана татко по втор пат

Метју Меконахи и Камила АлвесМетју Меконахи и Камила Алвес

Метју Меконахи и неговата сопруга Камила Алвес станаа родители на здраво женско дете. Тоа е нивното второ дете.

Нивната мала ќеркичка пристигна на овој свет во неделата на пладне и го доби името Вида Алвес Меконахи.

Метју и Камила ја објавија веста за нејзината бременост на неговиот веб сајт кога напишаа: „Уште еднаш ни се случи најголемото чудо на светот. Јас и Камила го очекуваме нашето второ дете, кое ќе донесе повеќе живот на светот и ќе ни даде причина повеќе за што да живееме. Иднината изгледа светла како што расте нашето семејство“.

Овој шармантен холивудски пар, кој започна да се состанува во 2006 година, овој пат не сакаше пред време да го открие полот на бебето, како што тоа го направи со нивното прво дете Леви.

Меконахи во врска со татковството претходно има изјавено дека е „луда, прекрасна авантура. Тоа со сигурност е ново поглавје во животот“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20839 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.