Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Метју Меконахи и Камила Алвес стапија во брак

Метју Меконахи и Камила Алвес стапија во брак

Метју Меконахи се ожени со убавата Камила Алвес. Свадбената церемонија се одржа во саботата вечерта во дворот на нивната куќа во Тексас, а на неа присуствуваа блиски пријатели и роднини на младоженците.

Метју и КамилаМетју и Камила на Канскиот филмски фестивал

За гостите беа поставени мали бели луксузни климатизирани шатори во кои сите преноќија по големата вечер.

СвадбатаПоглед кон локацијата на свадбената церемонија Свадбата

„Церемонијата беше многу емотивна. Имаше еден момент кога Метју се наведна, ѝ шепна нешто на Камила и солза потече по нејзиното лице. Сите колективно воздивнаа“ – изјавил анонимен извор за „Us Weekly“.

По шестгодишна врска и две деца, Метју и Камила, која го прифати презимето на својот сопруг, одлучија дека е време да ја однесат врската на следното ниво. Славниот актер ја побара за жена мајката на неговите две деца на Божиќ, но според нивните изјави, тие не чувствуваа потреба да брзаат да ја официјализираат врската.

Камила и Метју

„Ние живееме брачен живот повеќе од шест години. Имаме заеднички домови, имаме семејство, имаме деца, изградивме живот заедно“ – изјавила Камила.

Бразилскиот модел официјално започна врска со згодниот актер во 2007 година. Во 2008 година го роди нивниот син Леви Алвес Меконахи, а во 2010 ја роди и нивната прва ќерка, Вида Алвес Меконахи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20841 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.