Меган Фокс однесе сексапил на популарниот настан Comic-Con, кој секоја година се одржува во Сан Диего, Калифорнија.
28-годишната актерка присуствуваше на прес-конференција посветена на нејзиниот најнов филм „Teenage Mutant Ninja Turtles“.
За настанот Фокс избра црна креација со кратка маичка и здолниште со А-линија од грузискиот дизајнер Дејвид Кома и сандали од Џими Чу.
На популарниот фестивал, Фокс беше во придружба на својот колега Вил Арнет.