Меган Фокс ја продолжи промотивната турнеја за својот најнов филм „Teenage Mutant Ninja Turtles“. Атрактивната 28-годишна актерка го посети Берлин заедно со својот колега Вил Арнет.
Во текот на вчерашниот ден парот позираше на настан посветен на новинарите. За таа пригода Фокс избра комбинација од колекцијата ресорт 2015 на Марк Џејкобс и обувки од Кристијан Лобутин.
На вечерната премиера, познатата мајка на две деца зачекори на црниот тепих во сексапилен долг црн фустан од Давид Кома со кожни детали и обувки од Брајан Етвуд.
Меѓу присутните на свечената премиера беше и сопругот на Фокс, Брајан Остин Грин.
Фокс прими бројни комплименти за својот изглед, но не се малку и коментарите преку кои нејзините обожаватели укажуваат дека таа претерала со естетските корекции на лицето.