Меган Фокс го краси августовското издание на „Cosmopolitan“. За списанието, 28-годишната мајка на две момчиња позираше во бикини и сексапилни фустани само четири месеца по породувањето.
Во интервјуто Меган споделила мал совет за жените и признала дека за неа од ѕвездите најсекси е Елен Деџенерис.
„Жените не треба да бидат очајни и да се трудат премногу. Дозволете си да бидете силни и моќни и мажите ќе лазат на раце и на колена“ – рекла таа.
Моментално Фокс го промовира својот најнов филм, „Teenage Mutant Ninja Turtles“.