Луисана Лопилато и Мајкл Бубле во секој момент го очекуваат раѓањето на своето прво дете. Но, тоа не го спречи славниот пар да присуствува на свадба на добри пријатели во Канада.
За свечениот настан Луисана блескаше покрај својот сопруг во темносин макси фустан.
Бубле гордо изјави дека бебето е момче и дека треба да дојде на свет многу наскоро. „Блиску сме. Имаше лажна тревога пред неколку дена и имаше породилни болки седум часа. Па, знаеме дека може да се случи во секој момент“ – објаснил тој.
„Да бидам искрен и двајцата не сме неспокојни. Само сме возбудени. Едвај чекаме да го видиме какво е. Со нетрпение чекаме да го запознаеме ова мало момче“ – дополнил Бубле.
Мајкл и Луисана се запознаа во ноември 2008 година, кога познатиот пејач призна дека се заљубил на прв поглед. Една година подоцна тој ја побарал нејзината рака. Во март 2011 година тие стапија во брак. Заљубениот пар во јануари годинава соопшти дека го очекува своето прво дете.