Како што се наближува објавувањето на новиот албум ARTPOP, така изгледот на Лејди Гага станува сè побизарен. 27-годишната пејачка се појави во Берлин во два чудни аутфити, што уште еднаш се покажа како успешна тактика за привлекување внимание.
Прво Лејди Гага ги изненади своите фанови со бизарна триаголна крзнена маска, поради која мораше да се движи со помош на телохранител.
Ексцентричната ѕвезда нешто подоцна продолжи да привлекува погледи со невообичаена комбинација која вклучуваше долна облека и крзнено палто. Но, најчудниот дел беа мустаќите во стилот на Салвадор Дали и шминката која напомнуваше на изгледот на Тилда Свинтон.