Добродушни лица покажаа дека суперхероите постојат и во вистинскиот живот.
Вработените во компанија за чистење стакла се маскираа и се спуштија по прозорците на Детската болница „Joe DiMaggio“ во Холивуд за да ги изненадат болните дечиња кои мораа да останат таму за Халовин. Тие потоа им се придружија на дечињата и заедно разменуваа слатки и бонбони за Ноќта на вештерките.
@taylorpopik My hearttttttt #halloween ♬ Slipping Through My Fingers - Declan McKenna
@el_h0mii_sv Thanks for all positive comments. We do these every year for children at Joe D’Maggio children hospital in Hollywood. Im grateful to be working with the best window cleaner in the country. Follow the rest of the crew on IG @ T0nytvfl @ Mc_colombia_ @maiaa_51 @Nuny_pr @Reyna ♬ Locked out of Heaven - Bruno Mars
Снимките на социјалните мрежи станаа вирален хит, а „супехероите“ добија бројни комплименти.
„Се надеваме дека вашиот ден е исполнет со многу среќа, забава, семејство и слатки“ – напишаа од болницата во описот на фотографиите.
„Од мајка која го помина Халовин со своето 5-годишно дете во болница, Ви благодарам“ – напиша една мајка на TikTok.
Тие ги маскираа и најмалите пациенти во слатки костими.