Марго Роби и Том Акерли станаа родители.
34-годишната ѕвезда од филмот „Barbie“ му посака добредојде на првото дете, кое е момче. Веста први ја објавија од Daily Mail, од каде дознаа дека Марго се породила пред две недели, кратко време пред предвидениот термин. И мајката и бебето биле во добра здравствена состојба.
Пред неколку дена, Том бил фотографиран додека купувал бебешки производи.
Марго последен пат била фотографирана од папараците кон средината на октомври.
Марго и Том се запознаа на снимањето на „Suite Française“, а во 2016 година стапија во брак. Тие се партнери и професионално, односно се двајца од четворицата основачи на LuckyChap Entertainment, под чија капа се продуцирани повеќе филмови меѓу кои „Barbie“ и „Birds of Prey“.