Хајди Клум ја продолжува својата соработка со Intimissimi.
51-годишната манекенка за претходните рекламни кампањи за брендот позираше со ќерката Лени, но овој пат, ним им се придружи и нејзината мајка Ерна.
„Три генерации“ – напиша Клум на објавата на која ги сподели фотографиите.
Хајди и Лени направија и други рекламни фотографии и провокативно видео и повторно добија негативни коментари.
„Чудно е што го правиш ова со мајка ти“, „Зошто мајка ти ти ги допира гакичките на таков начин“, „Одвратно е што сметаш дека е ок да позираш полугола со ќерка ти“ и „Нешто навистина не е во ред со ова“ – се дел од коментарите на Instagram.