Неколку недели се шпекулираше дека новата љубов на Леонардо Дикаприо е Кели Рорбак, но сега папараци-фотографии гласно зборуваат за вистинитоста на тие гласини.
40-годишниот актер беше фотографиран како ја бакнува 25-годишната манекенка и актерка додека го разгледуваа Њујорк на велосипеди.
Дикаприо претходно беше во врска со манекенката Тони Гарн.
Неодамна таблоидите започнаа да шират гласини дека популарниот актер и Ријана се повеќе од пријатели, бидејќи неколкупати беа забележани заедно на исти забави. Француски таблоид заработи и тужба од Леонардо, заради тоа што тврдеше дека Ријана носи негово бебе.