Леонардо Дикаприо одлучи да продаде еден од своите имоти. 41-годишниот актер ќе му ги предаде клучевите од својата куќа во Малибу на оној кој ќе плати 10,95 милиони долари.
Дел од заработката од филмот „Титаник“, Дикаприо ја вложил во оваа куќа во 1998 година. Во тоа време, куќата чинела 1,6 милиони долари.
Имотот се протега на 164m2 и вклучува три спални соби, две бањи и голема тераса со прекрасен поглед кон Тихиот Океан.