Лана Дел Реј со загадочен поглед позира на декемвриската корица на француското издание на „Grazia“.
29-годишната пејачка, која е номинирана за Златен глобус во категоријата за најдобра оригинална песна за „Big Eyes“, зрачи со ноншалантност во креации на Versace, Prada и Hermès.
За фотосесијата бил ангажиран германскиот фотограф Томас Нуцл.
Обожавателите на Лана наскоро може да очекуваат нова музика. Во интервјуто за француското списание, таа споделила дека веќе има 10 готови песни.